Иснифарис Џемаили: Маневски и Мијалков ме притискаа да сведочам против Бучковски
Повеќе од 150 присутни членови на Здружението „Зелена лупа“ и на Комитетот за заштита на правата на жртвите на правосудниот систем одржаа заедничка трибина, насловена „Сите заедно по патот на правдата“.
Според организаторите на настанот, идејата е да се проговори за поднесените иницијативи до сега веќе распуштениот Совет за утврдување факти, за можноста за поднесување на иницијативи до Судски совет и за користење на постоечките законски механизми за повторување на одредени постапки кои влегуваат во категоријата на политички монтирани процеси, пишува правосудство.мк.
„Не прифатив да бидам заштитен сведок и затоа се ми земаа и ме осудија на затворска казна во траење. Јавно ќе кажам дека притисоците беа од Никола Груевски, Сашо Мијлаков и Михајло Маневски. Кога овие луѓе дојдоа на власт побараа од мене да сведочам против 18 судии, тројца обвинители и против Владо Бучковски“, рече од говорницата овчарот Иснифарис Џемаили, осуден во случајот наречен „Бачило“. Тој појасни дека откако ја одбил улогата на заштитен сведок му било кажано дека наместо 22, со него ќе бидат 23 обинети.