Интервју со Арсим Зеколи: Сѐ уште се работи на постигнување консензус за името


Во интервју за ИБНА, поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи, говори за интензивирањето на разговорите за спорот со името и како би можело да се постигне решение. Тој верува дека процесот на преговори е упатен кон финално решение, но, според него, не се понудени многу објаснувања и има недостаток на транспарентност. „Истовремено, без разлика на епилогот од разговорите со Грција, решението на спорот со името не имплицира итен прием во НАТО или стартување на разговори со Европската Унија,“ вели дипломатот Зеколи.

Се наоѓаме пред многу важна фаза во врска со името. Дали очекувате позитивен епилог и решение?

– Би сакал да верувам дека сме блиску до финално решение. Меѓутоа, фактот дека оваа и претходната влада не се транспарентни, не допринесува кон зајакнување на  верувањето дека сѐ се движи според верувањата направени од страна на премиерот Заев. Има многу нејаснотии околу начинот на кој Македонија го води овој спор и никој не нуди објаснувања. Прво, не постоеше јасен консензус во самата коалиција СДСМ-ДУИ, во самата партија СДСМ, како и во односите со опозицијата за евентуален договор за одржување референдум. Ако се одржи референдум, како истиот би бил организиран кога немаме Државна изборна комисија? Ако се спроведе преку билатерален договор, министерот Коѕиас ја отфрла таа можност, бидејќи договорите помеѓу владите може да се укинат во случај на владини промени. Во меѓувреме, гледаме дека рејтинзите на СДСМ и СИРИЗА паѓаат. На крајот, изгласувањето на договорот во парламентот може да не биде успешен поради строгите ставови на опозициите во Скопје и Атина.

Што ако нема консензус и решение?

– СДСМ ја копира ДУИ, што значи се фокусира на меѓународни работи место  на домашните. Двете партии, СДСМ и ДУИ се обидуваат да го прикријат недостатокот од резултати со некои меѓународни достигнувања, како што е решението за спорот со името, приемот во НАТО и разговорите за влез во ЕУ. Како резултат, ако преговорите пропаднат, тогаш тоа ќе ги открие неуспесите на Заев и Ахмети на домашен план. Тука се разликуваат од Груевски, кој се фокусираше на домашните работи повеќе отколку на надворешните.

Сметате ли дека новата влада на Заев работи на реформите и препораките од меѓународната заедница?

-Владата сака да остави впечаток дека работи напорно. Се плашам дека  Заев изјавува дека сака прием во НАТО и ЕУ, а всушност сака да ја зароби државата. СДСМ ќе заврши како ДУИ, партија основана врз партиски интереси, корупција и некомпетентност. Како резултат, меѓународната заедница ќе создаде повеќе пречки на патот кон интеграцијата на земјата.

Кое е вашето мислење за проценките на Европската унија за Македонија во последната стратегија објавена за Западен Балкан?

– На нив гледам како продолжение на други пропаднати планови иницирани од Европската Унија кон Македонија и регионот, почнувајќи од критериумот од Копенхаген, HLAD пакетот и Берлинскиот процес. Единствениот мотив на овие стратегии е поврзан со стравовите од пенетрација на Русија, Турција, Кина и Саудиска Арабија во регионот.

Друг елемент кој ме прави скептичен за пристапот кој Брисел го следи на Балканот е поврзан со безбедносните политики во Европа и желбата на Европската Унија да го отстрани влијанието на САД во регионот. Презентирањето на намери како што е таа за Европска армија (PESCO) исто така би имало влијание на процесот за прием во НАТО, имајќи предвид дека НАТО е доминиран од САД, а Турција исто така има многу силно влијание.

Сепак, клучен момент за иднината на Европската Унија во регионот, како и регионот во Европската Унија и НАТО, зависи од реалноста која постои во секоја од земјите.

Насер Пајазити