Иванов стави „вето“ на Законот за јазици


Претседателот Ѓорге Иванов објави пред малку дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, што парламентарното мнозинство го донесе минатата седмица.

Овој потег Иванов го образложи во обраќање до нацијата, посочувајќи дека Законот, според него, е неуставен, штетен за државата и дека е донесен во отсуство на опозицијата и без консултации со експерти.

Сега, Законот за јазици се враќа во парламентот и Иванов ќе биде обврзан да го потпише доколку пратениците го донесат по вторпат – со апсолутно мнозинство.

Ова е прво „вето“ на закон на претседателот Иванов, откако е дојден на функцијата во 2009 година.