Иванов си отиде од состанокот што се одржуваше во неговата резиденција


Премиерот, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска остварија средба со Претседателот Ѓорѓе Иванов на која го доставија договорот за решение за спорот којшто Република Грција го имаше со Република Македонија, информира прес-службата на Владата.

„Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина“, се вели во соопштението.

Владата ги повика сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.