Иванов: Се внесува страв и несигурност во земјата


Претседателот Ѓорѓе Иванов вечерва имаше јавно обраќање во кое порача дека и натаму ја поддржува иницијативата за „За заедничка Македонија“ и дека нејзините преставници не можат да бидат третирани како терористичка организација. Претседателот предупреди дека акциите како оваа денес внесуваат страв и несигурност  и можат да доведат до политички тензии во државата. Тој нагласи дека мора да се почитуваат човековите права на обвинетите учесници во упадот во парламентот. Според него, одговорноста не  може да се генерализира и треба да се внимава на квалификациите на кривични дела.

„Секојдневно до мене стигнуваат поплаки за политички реваншизам и загрижен сум“ – вели Иванов, повикувајќи ги институциите да го почитуваат Уставот.