Иванов: Очекуваме годинава да станеме членка на НАТО


Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска ги посети и им ја честита Новата 2019 година на припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево.
Претседателот Иванов на сите припадници на АРМ им искажа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија извршувајќи ги професионално своите обврски и при тоа на војниците во Кичево им подари телевизор.
Иванов имаше директна линковска врска со нашите војници, кои во моментот се во мировни мисии надвор од границите на нашата земја, притоа честитајќи им ја Новата година и божиќните празници.
– Очекуваме оваа година да ја добиеме конечно поканата и станеме членка на НАТО, рече претседателот Иванов и додаде дека како и секоја година традиционално на 1 јануари е со војниците на АРМ.