Иванов: Искрено жалам за загубените животи во Грција


Претседателот Ѓорѓе Иванов изрази сочувство за трагичните пожари во околината на Атина што проголтаа шееесетина животи. Тој вели дека со длабоко жалење ја примил веста за трагедијата во Грција.

Искрено жалам за загубените животи од оваа ужасна непогода. Дозволете ми, во овие моменти на национална тага, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да ви упатам изрази на длабоко сочувство. Ве молам, ваша екселенцијо, изразите на сочувство да ги пренесете до роднините и блиските на трагично загинатите“, наведува Иванов во писмото што го испрати до грчкиот колега Прокопис Павлопулос.