Иванов го потпиша указот, Законот за амнестија објавен во службен весник


Законот за амнестија што беше изгласан во понеделникот, вчера е објавен во Службен весник, што значи дека претседателот Ѓорге Иванов веднаш го потпишал указот за прогласување на Законот.

Со објавувањето на Законот веќе тече рокот од пет дена  кога обвинетите за упадот во Собранието од минатата година може да поднесуваат барање за амнестија.

Во предметот, обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. За нивното барање за амнестија мислење треба да даде обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска, а решението дали обвинетите ќе добијат амнестија најверојатно ќе го носи Кривичен совет.