Зошто СЈО побара притвор за Мијалков за „Империја“?


Специјалното јавно обвинителство по еден месец од отворањето на истрагата за „Империја“ во која осомничен е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков побара судот да му го укине веќе определниот притвор за масовното прислушување и да му одреди притвор за предметот за којшто првично не побара притвор.

Според информациите од СЈО, обвинителството побарало притвор за случајот „Империја“ поради опасност од влијание врз сведоци. Според неофицијални информации, притворот кој му бил одреден на Мијалков за предметот „Таргет тврдина“ имало можност да биде продолжен само два месеца, бидејќи делата за кои се гони во овој предмет, затворската казна е до пет години затвор, додека за случајот „Империја“ му се заканува затворска казна од најмалку пет години и притворот може да се продолжува повеќекратно.

Други толкувања се дека со одредувањето на притвор поради влијание врз сведоци, покрај опасноста од бегство, Мијалков не може да понуди гаранција за да излезе од притвор.

Новиот притвор на Мијалков му беше одреден доцна синоќа, кога на барање на СЈО од затворот во Шутка бил донесен во Кривичниот суд. Поранешниот шеф на тајната полиција беше уапсен на 20 – ноември кога СЈО побара притвор за предметот „Тврдина таргет“.

Тој заврши во притвор по бегството на неговиот братучед, поранешиот премиер Никола Груевски. Во исражниот затвор со него е и неговиот бизнис партнер, Орце Камчев кој е првоосомничен во случајот „Империја“.

Деновиве требаше да биде закажана јавна седница во Апелацискиот суд на која требаше да се расправа за жалбата за притворот на Мијалков, но сега одбраната треба да поднесе нова жалба поради новите околоности во овој случај.

 

специјалната јавна обвинителка сметаше дека не треба да му биде одреден