Затворен за сообраќај просторот пред Влада поради протестот на опозицијата


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради најавениот политички митинг со почеток од 20 часот што ќе се одржи на просторот пред објектот на Владата на Р.Македонија на бул. “Илинден“ овој потег на сообраќајницата веќе е затворен за сообраќај од страна на сообраќајната полиција.

Исто така, од 20 часот за сообраќај ќе се затвори и мостот “Гоце Делчев“, а од страна на сообраќајната полиција сообраќајот повремено ќе биде пренасочуван по околните улици во зависност од движењето на граѓаните.

Возилата на јавниот градски превоз ќе можат да се движат по улицата “Димитрија Чуповски“ (Рекорд) во двете насоки.