Заради Тунтев, седницата одложена за 16 часот


Собраниската седница на која треба да се финализира фазата околу уставните измени е одложена за во 16 часот. Одложувањето следува поради оставката од пратеничката функција на пратеникот Томислав Тунтев.

Тој си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Се очекува оставката на Тунтев да биде констатирана на денешната собраниска седница, а неговото место во пратеничките клупи да го заземе Рубин Земон.