Замрзнат целиот имот на ВМРО-ДПМНЕ


По барање на Специјалното јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата, соопшти СЈО.

Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката, објаснуваат од СЈО.

Оваа мерка доаѓа откако претседатeлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека партијата размислува да го продаде седиштето во центарот на Скопје или да го даде под закуп.