Закерберг прифати да сведочи пред Европскиот парламент
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани соопшти дека извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг ја прифатил поканата и ќе се појави на сослушувањето во Брисел.
Тајани додаде дека очекува сослушувањето да се одржи следната седмица кога претседателите на парламентарните групи ќе му поставуваат прашања на Закерберг.
Според Тајани, ова е чекор кон обновување на довербата на корисниците.
Претседателот на ЕП додаде дека претставници на Фејсбук ќе се појават пред парламентарните комисии за граѓански слободи, правда и внатрешни работи. На состанокот ќе се разговара за прашања поврзани со заштитата на личните податоци и влијанието врз изборните процеси во Европа.