Заев: Ќе бараме објаснување за вработувањата на роднините на функционерите


Премиерот Зоран Заев пред седницата на Извршниот одбор на партијата запрашан за коментар во врска со актуелните случаи на вработувања на деца и роднини на  функционери и пратеници во државни и општински институции и компании потенцираше дека тие ќе бидат разгледани и доколку има одредени неправилности и протекционизам ќе биде побарана одговорност.

Ќе направиме анализа, рече премиерот, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии,  протекции или било какво влијание секако ќе бараме полекување. Зборуваме, вели Заев, за дваесеттина места од 40.000 на пример работни места или еве нека се 25.000 во јавни институции општински, државни и акционерски друштва, јавни претпријатија и слично , но и да се работи за две места треба тоа да биде транспарентно.

-Веројатно имаме и слабости при нашето функционирање и затоа реков ќе побараме одговорност ако некаде тоа вработување е направено на несоодветен, незаконски начин. Не е доволно, потенцира тој,  само да се повлече или раскине договор, ако било прекршено некое законско правило, туку тој што го прекршил законот да одговара како што е пропишано, рече Заев.