Заев: Сочувство со пријателскиот грчки народ


 

Премиерот Зоран Заев изрази сочувство и жалост за изгубените животи во трагичните пожари во околината на Атина.

Со одлука на владата издвоивме шест милиони денари како интервентна помош, која ја ставаме на располагање на грчките владини институции одговорни за справување со пожарите. Ќе се формира координативно тело кое ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош. Нашите граѓани со длабока тага ги примаат вестите за катастрофалните пожари во Грција. Изразуваме сочувство со пријателскиот грчки народ и длабока жалост до сите семејства кои во оваа ужасна трагедија загубија свои блиски и пријатели“, напиша Заев на својот профил на „Твитер“.