Заев: Села не останува во Владата
Алијансата на Албанците нема да партиципира во Владата во наредниот период, соопшти вечерва премиерот Зоран Заев. На прашање, во интервју за Телма, дали Зијадин Села останува во Владата, Заев одговори дека не останува.
„Предлозите за нови министри денеска се доставени до парламентот”, рече Заев, посочувајќи дека Венко Филипче е дефинитивно предложен за нов министер за здравство. Алијансата на Албанците, како што рече Заев, го добила претходно ресорот здравство поради професионалниот габарит на Арбен Таравари.