Заев: Реконструкција на Владата нема да има


Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со албански колега Еди Рама во Подградец, изјави дека нема да има реконструкција на Владата.

Празните министерски места, како што рече, ќе бидат пополнети со нови министри, кои во понеделник ќе се најдат во Собранието на Република Македонија.

Во врска со законот за јазиците во Македонија, Заев посочи дека станува збор за современ закон и оти очекува тој да биде усвоен до крајот на јануари.

Заев притоа ги повика парламентарни партии во Македонија заедно да го усвојат овој значаен закон