Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата


Премиерот Зоран Заев изрази жалење за трагедијата што се случи во Гостивар, каде тинејџерка бегајќи од куче се удави во Вардар.

Проблемот со бездомните кучиња, Заев, го лоцира и во комплицираните закони кои општините не можат да ги постигнат. Тој додаде дека треба да се следат препораките на ветеринарите.

„Јас знам како поранешен градоначалник дека Општина Струмица плаќаше огромни суми за приватни компании кои организираа центри за згрижување на кучиња согласно стандардите. Размислуваме на промена на легислативата во пофлексибилен начин кој ќе ги почитува меѓународните стандарди за заштита на животот на жиувотните, но Република Македонија да може да го спроведе, бидејќи надлежноста е кај општините. Еден начин е преку промена на законодавството, потоа и кон повнимателно слушање на ветеринарите и спроведување на нивните укажувања“, рече премиерот Зоран Заев.