Заев: Просечната плата ќе биде 500 евра


Премиерот Зоран Заев денеска посочи дека има реални можности пред крајот на мандатот, како што е ветено, да се постигне просечна плата од 500 евра во земјава.

-Минатата година ја завршивме со просечна плата од повеќе од 24 илјади денари или 400 евра. Можам да најавам дека дополнително ќе донесеме одлука за зголемување на минималната плата, бидејќи со нејзиното зголемување почна спиралата на раст на просечната плата што траеше до септември, а видовме дека продолжи и потоа, рече Заев.

Резултат за пораст на платата, како што кажа, очекуваат да даде и тренингот на младите луѓе, младинската гаранција и активните мерки за вработување.

-Ако успееме да преквалификуваме и подготвиме поголем број на работна сила во Македонија за потребите на пазарот на трудот верувам дека повеќе ќе го динамизираме покачувањето на платите, потенцира Заев.

Просечната плата во изминатата година порасна за 5,7 отсто што е тројно повеќе од досегашниот просек од 1,9 отсто годишно.