Заев: Преспа нека биде патека кон нашата европска иднина


Се осмеливме, затоа што сакаме успеси, македонски успеси. Ние се определивме за иднина. Затоа стигнавме денес тука. Нека биде Преспа патека кон нашата европска иднина, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Во состав на македонската делегација, која во секој момент треба да пристигне на потпишување на договорот за името, се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.