Заев: Празникот Водици повикува на духовна зрелост и добра волја како влог за подобро утре
Празникот Богојавление – Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата. Со крштевањето во осветените води, празникот не повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, се вели во писмото со честитки од премиерот Заев.