Заев: Поканата за НАТО ќе ја славиме во 15 градови низ Македонија


 

Премиерот Зоран Заев утринава, пристигнувајќи на вториот ден на самитот на НАТО, ги повика граѓаните на Македонија на 14 јули на заедничка прослава во 15 градови низ земјата за да прослави поканата за НАТО како голем успех за сите граѓани.

– Од денеска Македонија оди само напред а граѓаните нижат уште еден голем успех. Честито Македонија. НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички страшетки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме “да” за нашата иднина и за македонската иднина. Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, изјави Заев во своето обраќање до граѓаните.

Самата покана, рече Заев, како и чекорењето напред, самиот почеток на датумот за преговори за ЕУ се исполнување на нашите стратешки цели и нашите деценски соништа како народ, нација како Република Македонија.

– Јас сум убеден дека нашиот народ силно ќе ја поддржи оваа иднина затоа што тоа ги заслужуваме таа иднина. Уверен сум дека на следните чекори, на рефердумот, граѓаните ќе испратат сериозна порака во момент на исправеност пред својата иднина. Уверен сум дека граѓаните се најголемите поддржувачи на иднината на Македонија во НАТО и ЕУ – вели тој.

На прашањето дали добил пораки од светските лидери на синоќешната вечера со земјите членки во Брисел Зааев рече дека ова се луѓе што го водат светот, најголемите светски лидери – престедателот Трамп, канцеларката Меркел, претседателот Макрон.

-Јас сум многу среќен што го доживеав тој момент кога ги гледав среќни сите овие светски водачи заради Македонија. Сите на некој начин пријдоа, честитаа, посакаа успех, понудија помош и поддршка. Среќен сум што го доживеав моментот да ја водам извршната власт во Република Македонија кога на Македонија и се случуваат вака убави величествени работи, рече Заев.

Слободанка Јовановска,

Наш известувач од Брисел