Заев: Осудувам секаков напад, макар и вербален
Осудувам секаков вид насилство, макар и вербално, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, по завршувањето на Осмомартовскиот марш во Куманово, кој го организираше Форумот на жените на СДСМ под мотото: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!“.
– Она што го знам од државните институции и после разговорите на министерот со полицајката, прво осудувам секаков вид на насилство, макар и вербално. Станува збор за омаловажување, навредување и не се работи за некој физички контакт, но и за тоа е поднесено соодветна пријава против лицето кое што тоа го направило, изјави премиерот Заев, одговарајќи на прашање како го коментира случајот со полицајката.
Додаде дека во Куманово се поради жените кои ја даваат силата и храброста на мажите и дека жените во општеството треба да бидат позаштитени од мажите.
– Зборувајќи во духот на Осми март, во духот на правото на жената и еднакви можности секаков вид насилство, па макар и вербално треба да се санкционира и казни, изјави премиерот.
Запрашан кога се очекува да дојде во Македонија шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за спорот со името, потенцираше дека тоа ќе го договорат двјцата министри заедно.
Одговарајќи на новинарско прашање кое од двете крила на движењето Беса е поподготвено за влез во Владата, Заев рече дека разговара со политички претставници на политички партии и изрази надеж дека во Беса правно ќе се расчистат работите.
– Добар пријател сум како со Касами, така и со Гаши. Апсолтуно немамаме намера да се мешаме во внатршените работи. Јас сакам да соработуваме, тоа го најавив многу порано. Се надевам дека после правните процеси, сепак, ќе можеме обединето да разговараме со Беса заради тоа што искрено посакувам соработка со сите политички партии во Македонија, изјави Заев.
За тоа дали има можност Села повторно да влезе во Владата, премиерот Заев рече дека сака да разговара со сите, но дека мора да се верува во вредности, принципи, да се понудат секогаш квалитетни кадри, да и се даде шанса на секоја, па и на најмалата политичка партија, за да добијат граѓаните.
Тој рече дека на маршот настапиле уметници од различни заедници и учествувале жени од сите етички заедници и дека се спсплотени во духот на едно општество за сите,
– Ние се гордееме со тоа. Предрасудите во Македонија се тргнати настрана и верувам дека овој концепт што е капитал на оваа наша мултиетничка Македонија ќе биде наша предност со тоа што ќе придонесе во вкупното унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Зоран Заев.