Заев: Ние даваме голема поддршка на дијалогот меѓу Приштина и Белград


Ние даваме голема поддршка на дијалогот што е отворен меѓу Приштина и Белград, и во насока на тоа и решавањето на сите овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија ќе го поддржи зачленувањето на Косово во УНЕСКО.

– Знаете дека прашањето е одложено. Не знаеме точно кога ќе се решава, јас се надевам дека паралелно со тоа ќе се решаваат и билатералните односи на Косово со Србија. Косово треба да смета на поддршката на Република Македонија во сите свои процеси, но истовремено знаете дека и Република Србија е нашиот сосед, така што во делокругот на добрососедството со сите земји, се надеваме дека и билатерално ќе ги решаваат прашањата, а ние ќе бидеме овде за да ги помогнеме процесите на двете земји, изјави Заев на заедничката прес-конфернеција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Премиерот Заев денеска беше во прва официјална посета на Република Косово.