Заев: Не сме стигнале да разговараме за нови имиња


Премиерот Зоран Заев денеска во Приштина рече дека сè уште не е разговарано за конкретен предлог откако грчките медиуми почнаа да шпекулираат дека  името „Нова Македонија“  е нов  предлог за решение на спорот.

– Немаме стигнато дотаму да разговараме за некои нови имиња или слично. Верувам дека деновиве ќе се разговара за потврда на желбата на двете страни суштествено да навлезат во решавање на проблемот што Грција го има со нашето уставено име. Се надевам дека со посрединштво на Метју Нимиц ќе биде потврдена заедничката желба на двете страни, на Македонија и Грција, за наоѓање на вакво решение. Се надевам дека состанокот ќе заврши во позитивна атмосфера за да можеме понатаму да очекуваме разработка на можни решенија на овој проблем – изјави Заев денеска во Приштина.