Заев не посакува предвремени избори заради доброто на економијата


Во емисијата „Само вистина“ на  Канал 5 телевизија премиерот Зоран Заев прашан дали паралелно со референдумот ќе се организираат и предвремени избори, одговори дека анкетите се на нивна страна и додаде дека не посакува предвремени избори заради доброто на економијата.

– Но, тоа не зависи само од мене. Пречести избори се штетни за економијата. Чесно е цел мандат да се истера. Кога знаат дека изборите се редовни бизнисмените можат да планираат и да инвестираат, рече Заев.