Заев на ФБ: Со овој договор ја остваруваме вековната аспирација на македонскиот народ


Македонскиот премиер Зоран Заев објави на Фејсбук дека денешниот Договор со Грција за решавање на спорот со името е паметно и правично решение.

– Имаме правично и паметно решение. Со овој договор ја остваруваме вековната аспирација на македонскиот народ. Да има своја македонска држава признаена од сите, од целиот свет. Во која ќе живее признаен македонски народ и ќе зборува на свој признаен македонски јазик. Нека ни е со среќа мој народе, напиша на Фејсбук премиерот Заев.