Заев на божикна литургија во манастирот Водоча кај Струмица


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска присуствуваше на божикната литургија во манастирот Свети Леонтиј во Водоча кај Струмица.

– Овој празник потсетува да се подготвиме, да направиме место во нашите срца, да го исполниме со радост и љубов, зашто радоста е темел на духовниот живот. Христос се роди, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

На фотографијата премиерот Заев е во друштво со татко му.