Заев и Ципрас утре ќе се слушнат повторно


Премиерот Зоран Заев денеска имаше 60 -минутен телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Разговорот се реализирал меѓу 14 и 15 часот по македонско време, соопштија од Владата на РМ.

Заев и Ципрас разговарале за преостанатите парашања и разгледале неколку идеи за решенија. Договорено е во текот на утрешното претпладне да имаат уште еден разовор, се наведува во соопштението.

Речиси во истовреме разговорот е потврден од грчката Влада.

Во добра клима поминал телефонскиот разговор на Заев и  Ципрас, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, а по едночасовниот разговор, двајцата премиери се договориле утре наутро одново да се слушнат.

– Премиерот Алексис Ципрас денес напладне имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, кој помина во добра клима. Двајцата премиери се договорија да ги завршат нивните разговори за време на нов телефонски разговор во вторник наутро, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.