Заев и Мицкоски нема да се сретнат, власта оди на избори?


Премиерот Зоран Заев најверојатно нема да се сретне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во врска со уставните измени за Договорот од Преспа, со што речиси е извесно дека излез од постреферендумската криза ќе се бара во предвремени парламентарни избори, брифира за Плусинфо висок владин функционер, пишува Плусинфо повикувајќи на висок владин функционер.

– Немаме намера за средба помеѓу Заев и Мицкоски. Подготвуваме избори затоа што нема изгледи ништо да се направи во парламентот – вели за Плусинфо висок функционер од Владата.