Заев и Касами разговарале за реформскиот пакет


Заврши средбата во Владата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА Билал Касами.

Од Владата за МИА изјавиле дека на средбата се разговарало за поддршка на реформскиот пакет закони во Собранието на Македонија.

Средбата, според информациите, била закажана пред празниците, односно пред да почне да се разгорува конфликтот меѓу двете струи во опозициската Беса.