Заев и Димитров цел ден се сликаат-биле на иста линија за името


Премиерот Зоран Заев и Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска заедно со нивните сопруги го поминаа неделното попладне.

Двајцата на Фејсбук објавија фотографии од нивната дружба во Струмица.

Заев напишал: На иста линија“. Додека Димитров дека тие заедно го бараат патот.

Ова следи по објавите во некои медиуми дека нивните ставови се разминуваат во однос на преговорите кои се водат со Грција за името.

Денеска, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски изјави дека во Владата сите се на единствена линија, цврсто определени и посветени на решавање спорови.