Заев загрижен за писмото на Бејли


Премиерот Зоран Заев е загрижен за писмото на амбасадорот на САД, Џес Бејли кој го испратил до претседателите на судовите во Македонија и во кое бара да не ја посочуваат амбасадата на САД како изговор за нивните одлуки.

– Како што сфатив писмото е со цел да се испрати порака да не се вадат на амбасадата при носење одлуки. Во време на Пржинскиот договор се зборуваше дека американската амбасада тоа го наметна, дека ЕУ го наметна, а сите знаевме дека ние ги носиме одлуките. Ја сфаќам пораката, никој не смее да не се вади дека имал укажувања од некој амбасада. Штом е тоа нотирано од стратешки пријател на Македонија е доволен сигнал да преземеме дејствија и анализи да видиме која е причината да дојде до тоа писмо – рече Заев како одговор на пратеничко прашање од Антонио Милошоски.

Милошоски претходно од собраниската говорница побара мислење од премиерот Заев во однос на писмото на Бејли.

-Во него се цитира разочараност на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговото име, а поврзано со можно местење на судски процеси при изрекување на притвор и одредување на пресудите. Дали вие како премиер ќе побарате истрага кои судии го злоупотребиле авторитет на странскиот амбасадор за местење судски процеси? – праша Милошоски.