Заев до опозицијата: Можете да пукнете


Премиерот Зоран Заев од собраниската седница им порача на пратениците од опозицијата дека можат да пукнат што не го решиле спорот со името со Грција додека биле на власт и не ја внеле Македонија во ЕУ и во НАТО. Тој тврдеше дека сите потези што ги повлекол, биле во интерес на граѓаните и за иднината на земјава. Опозицијата потоа го обвини дека употребил говор на омраза. Во Собранието е ден за пратенички прашања, расправата продолжува.