Заев: Груевски прифати Горна и Северна Македонија ерга омнес во 2012 година


Премиерот Зоран Заев во интервјуто за емисијата „Само вистина“ на Канал 5, рече дека во  преговорите 2012-2013 година, Никола Груевски и ВМРО- ДПМНЕ, прифатиле  Горна и Северна Македонија за севкупна употреба.

„Кога судот би ги објавил разговорите за името, ова не е прв пат да биде прифатено име со географска одредница, ерга омнес. Никола Груевски прифати Северна и Горна Македонија во 2012 и 2013 година, без да биде дефиниран идентитетот, односно без Грција да го прифати идентитетот и јазикот, тоа било оставено да лебди. Грција не го прифати ова решение зашто беше испровоцирана со Скопје 2014. Ова го има во разговорите и првпат го кажувам“- рече Заев.

Тој рече дека кога ја објавувал „бомбата“ за преговорите за името овој дел не го објавил за да не наштети на преговарачката позиција на Македонија.