Заев: Гордо кажуваме дека ние сме НАТО!


Премиерот Зоран Заев ја поздрави ратификацијата на Протоколот за прием на Македонија во НАТО, од страна на Грчкиот парламент.

„Нашиот пријател, Република Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Одиме кон гарантиран успех. Полесно е со сојузници, гордо кажуваме дека ние сме НАТО!“ напиша Заев на својот Фејсбук профил.

No photo description available.