Задолжително кастрирање на кучиња и зголемување на казните


Задолжително кастрирање на кучињата-миленици и зголемување казните за сопствениците се предвидува со предлог измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Предлог- измените ќе се најдат на денешната собраниска седница, а поднесени се од група пратеници: Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Никица Корубин, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Милева Ѓоргиева, Шпреса Хадри, Мирсада Емини Асани и Снежана Калеска Ванчева.