Загина 15 годишно девојче во сообраќајна несреќа


Петнаесетгодишно девојче од селото Радово загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Дабиле, Струмичко, а две лица се повредени и се пренесени во струмичката болница.

Според полицијата, во 4,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон селото Дабиле патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со струмички регистарски таблички излетало од патот.

Возилото го управувал Ф.С.(21) од село Радово. Покрај него е повредена и другата сопатничка Н.С.(21) , од истото село.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР Струмица.