Заврши разговорот Заев – Ципрас, се чекаат детали од договореното


Завршил денешниот телефонски разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, дознава „Независен весник“.
Во секој момент се очекува, премиерот Заев да закаже термин за свое обраќање, за да ѝ ги соопшти на јавноста деталите од денешниот разговор со Ципрас, кој беше најавен како клучен за постигнување на договор за проблемот со името.

Во текот нa денот, Заев излезе со изјава дека е оптимист оти решението ќе биде постигнато денеска.