Завршиле разговорите Заев – Ахмети за промените во Владата


Заршени се разговорите меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со промените во владиниот состав, потврди денеска пратеникот Артан Груби од ДУИ.

-Завршени се тие работи меѓу Ахмети и Заев, изјави Груби.

Министерот за правда Билент Салиу, на прашање дали ќе ја задржи министерската функција, рече само дека тоа зависи од договорот меѓу политичките партии во Владата.