Забрана за обвинителката Раичевиќ да зборува за случувањата во Обвинителството?


Скандалот со изборот на Марија Ѓоргова за обвинителка во „организиран криминал“, со сообраќајката на претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјов и со неизборот на обвинтелката Лидија Раичевиќ како да поприма нови нови димензии. Според сознанија на правосудство.мк на јавната обвинителка Лидија Раичевиќ ѝ било забрането да дава изјави во врска со нејзиниот неизбор за уште еден мандат во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а забраната се однесува и на една предистрага, во која како првоосоменичен се јавува сопруг на нејзина колешка, а која е член на Советот на јавни обвинители.
Според информациите на правосудство.мк, до Раичевиќ бил испратен допис со кој ѝ се ускратува правото да каже нешто повеќе за конкретниот случај, но и за сообраќајката на Штерјов, од крајот на минатиот декември, и за изборот на неговата внука Ѓоргова во Обвинителството за организиран криминал, и покрај тоа што таа беше отпуштена од Специјалното јавно обвинителство.