Забрана за камиони и шлепери кон Маврово, минусни температури


Уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила со приколка кон Маврово и обратно, која беше воведена вчеравечер.

Во Маврово врне ситен снег, а висината на снежната покривка изнесува дваесетина сантиметри.
Сите патишта, вклучително и кружниот пат околу Мавровското Езеро се проодни, но сообраќајот се одвива отежнато, во зимски услови.

Во овој регион утрово е доста студено со – 9 Целзиусови степени, а се очекуваат уште пониски температури.