Одземaње на имунитетот на пратеникот и екс министер Димовски


Со пет гласа „за“ и четири  против , членовите на Комисијата за мандатно имунитетни прашања му предложи на Собранието да му се одземе пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен министер за земјоделство , Љупчо Димовски по барањето на судот за одобрување на притвор.
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска расправаше по барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски. Во рамки на расправата, пратеникот Павле Богоевски, кој е и претседател на Комисијата, рече дека седницата е закажана денеска бидејќи согласно деловникот имаат рок од два дена да достават известување до претседателот на Собранието. Комисијата, како што рече, не праќа во притвор никого, туку тоа го прави судот, кој носи одлука дали некој оди во притвор.
Хари Локвенец од СДСМ рече да се даде можност на судската власт слободно да одлучува. „Ќе има правда и ќе има  мир кога ќе престанете да ја спречувате судската власт да работи“, им порача Локвенец на опозициските пратениците.
Пратениците од опозицијата повикаа на човечност и совест, и да не се постапи по барањето. Сметаат дека со тоа се врши одмазда врз пратеникот, бидејќи не гласал за уставните измени. Не сметаат дека се исполнети условите и дека треба да му се дозволи на Димовски да ја докаже невиноста пред судот.  Ова, како што беше посочено во расправата, е осми пат како се бара одземање имунитет на пратеник, а претходно тоа било барано 11 пати.

Во расправата се вклучи и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, на која претходно за друга судска постапка и беше одземен имунитетот и посака на никого тоа да не му се случи.

Побара да не му се одземе имунитетот на Димовски и да му се даде можност достоинствено да се брани.

Димовски, кој беше и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот