Ердоган жестоко критикуван откако на девојче рекол дека е чест да умре во борба


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган стана цел на жестоки критики откако во говор пред партиски симпатизери на расплакано девојче во униформа и рекол дека би и било чест да умре во борба.

Како што јави Би-Би-Си, на Ердоган за време на говор пред членови на владејачката АКП, од публиката му е донесено девојче во униформа.

– Гледајте кој е тука ! Девојче, што правиш ти тука ? Тука имаме наши црвени беретки, но црвените беретки никогаш не плачат, му рекол турскиот претседател на расплаканото девојче.

Ердоган потоа забележал дека девојчето во џебот од униформата има турско знаме.

– Ако загинеш во борба, ќе положиме знаме на тебе, дај боже. Се е подготвено зарем не?, прашал Ердоган, на што девојчето потврдно одговорило.

Тој потоа ја бакнал во образ и ја пуштил да се симне од бината.

Јавноста на социјалните мрежи го осуди ваквото однесување на Ердоган и додека некои го обвинија за злоставување деца, еден корисник Твитер напишал: Ова е срамота. Ова навистина е грозно. Таа е само дете! Не можете да и посакате смрт и уште да кажете „дај Боже“.