Енвер Малиќи газдата на „Гемак“ ќе го заменува Шилегов


Енвер Малиќи е новиот заменик-градоначалник на Скопје. Како што информираа градските власти за МИА, скопскиот градоначалник Петре Шилегов попладнево го назначил Малиќи, кој е советник во Град Скопје од ДУИ и управител на компанијата „Гемак Трејд“.