ЕЛЕМ: Синот на пратеничката го примивме дека го бива


АД Државни електрани на Македонија потврдија дека го примиле на работа синот на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ.

Од ЕЛЕМ соопштуваат дека Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос по претходно објавен оглас за вработување.

„За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби“, велат од ЕЛЕМ.

Листата на вработувања во државната администрација на блиски на претставници на власта, станува невозможно да се следи. Од владата велат дека нема прекршување на ниту еден закон.