ЕЛЕМ и МЕПСО ќе дадат плати за Македонски железници


Владата направила подготовки за проект за транспортно и трговско поврзување на Западен Балкан и прифатила одлуки на двете државни енергетски претпријатија, ЕЛЕМ и МЕПСО, со кои му позајмуваат пари на АД Македонски железници – Транспорт, соопшти секторот за информирање на Владата.Со тие позајмици, се обезбедени пари за неисплатените плати за ноември на вработените во МЖ Транспорт.

Исто така, владата ја разгледала и информацијата за предлог проектот „Трговијата и транспортот на Западен Балкан“ од Светска Банка, како и потребните идни активности за негова реализација. Проектот предвидува полесно прекугранично движење на стоки со усвојување на Национален Единствен Прозорец (National Single Window), и со подобрување на граничните премини во одбрани трговски коридори.

На 44-та седница, Владата го разгледала Извештајот за процена и утврдување на висината на штетата во скопскиот и тетовскиот регион од невремето и поплавите во август 2016 година и го проследила до Министерството за финансии