ЕК им оддаде почит на новинарите кои загинаа во нападот во Стразбур


Европската комисија денеска повика на едноминутно молчење во спомен на двајцата новинари кои загинаа во нападот во Стразбур минатата недела.

Меѓу петте жртви беа и италијанскиот дописник на ЕУ Антонио Мегалици (28) и полскиот новинар Барт Орен-Неджелски (36).

– За жал, меѓу жртвите има и еден од нашите. Антонио Мегалици работеше за универзитетското радио „Еурофоника“ на програма, поддржана од ЕУ и се наоѓаше во Стразбур за да ја покрие седницата на Европскиот парламент, соопшти портпаролот на Комисијата.

Од името на меѓународното здружение на новинарите АПИ/ИПА во прес салата на ЕК беше прочитана изјава во која се истакнува дека двајцата загинати работеле со страст, за да ја објаснат една од најсложените работи – ЕУ. Во изјавата се додава дека Антонио и Барто сакале да го прават тоа до крајот на својот живот.