Ексклузивно фото: Заев ќе слави Нова година во „Македонија Палас“ во Солун


Македонскиот премиер Зоран Заев попладнево со неговото семејство одмора во „Кичен бар“ на солункото пристаниште.
Како што пренесува репортерот на Независен весник од терен, премиерот новогодишната ноќ ќе ја помине во хотелот „Македонија палас“ во Солун.
Заев на покана на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис празничните денови околку Новата година ги поминува таму.
Тие вчера имаа заедничка вечера во познат солунски ресторан.
Во добра клима, со морска храна и разговори за соработка помина синоќешната вечера, а по неа и двајцата изјавија дека овие средби треба да се повторат во иднина.
Н.В.