Еден месец притвор за Бетмен, куќен притвор за Дамовски


Во Основниот суд Скопје 1 завшри распитот на сите приведени кои што се обвинети за насилството во Собранието на 27 април, а сите одлуки за евентуален притвор се очекува да бидат соопштени во текот на денот. Последните информации говорат дека едномесечен притвор му е одреден на Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит, додека неговиот колега Борис Дамовски заврши во куќен притвор. Двајцата беа организатори на протестите што ги предводеше здружението „За заедничка Македонија“. Претходмо, триесетдневен притвор им беше одреден и на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски, полицискиот началник Оливер Радулов… Се чека одлуката на Собранието за одземање на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ, кои се дел од 36 лица осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.